Повреден малолетен пешак од Куманово - го удрил 15-годишен мотоциклист и побегнал
02.05.2025 20:56
| KumanovoNews
Пешак од Куманово се здобил со сериозни повреди откако во него удрил 15-годошен мотоциклист од виничко село.

„На 01. мај во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница“, соопшти МВР.