Повторно бојкот на наставата во Куманово
Учениците од средните училишта во Куманово денеска повторно ја бојкотираат наставата, со барање да се укинат лошите реформи во образованието и да не се полага математика како задолжителен предмет на државна матура.

Учениците се на училиште, но нема да бидат на часови, туку во холот, ќе пуштаат музика, ќе играат карти, шах. Ќе има целосен бојкот на наставата во прва и втора смена. Ќе бојкотираме се додека не не повикаат на разговор во Министерство за образование и наука. Револтирани сме што не игнорираат. Ние доставивме барања до МОН и сакаме преговори - велат од Средношколскиот пленум.
Од Средношколскиот пленум најавуваат дека по Велигден повторно ќе ја бојкотираат наставата.