Повторно гореше отпадот за стари возила на „Индустриска“
Денеска во 14.30 часот повторно се запалил отпадот со стари возила на ул. Индустриска во Куманово.

Од Територијалната противпожарна единица велат дека во пожарот изгореле стари автомобили и една помошна просторија.
„Пожарот беше активен од 14.30 часот до 16.20 часот, го гасневме со три возила и седум пожарникари. Сега целосно е изгаснат. Гореше површина од околу 2.000 квадрати, како и минатиот пат со стари хаварисани возила, сува трева, а зафатена беше и една помошна просторија“, изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.
Густиот час можеше да се види од сите делови на градот, и предизвика загриженост кај граѓаните бидејќи за еден месец по вторпат е настана голем пожар на истото место, кој предизвуика загадување на воздухот.
(фото. архива)