Пожар во Слупчане – зафатена сува трева и нискостеблеста шума
Голем пожар попладнево избувна на територијата на селото Слупчане, Општина Липково, при што зафати сува трева и нискостеблеста шума.

Интервенцијата започна во 15:30 часот, со ангажман на две противпожарни возила и шест пожарникари од ТППЕ Куманово.
Од 16:00 часот, во гаснењето на пожарот се вклучија и два тима на ЈП „Национални шуми“ – Подружница Куманово, со едно противпожарно возило, едно теренско возило и осум вработени. Екипите сè уште се на терен и активно работат на локализација и целосно гаснење на пожарот.
„Ситуацијата се следи внимателно и сме во постојана координација со сите надлежни институции. Доколку има потреба, ќе биде ангажирана и воздушна поддршка или дополнителна помош“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
(Фото. Архива)