Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во дворот на СВР Куманово повеќе делегации се поклонија и положија свежо цвеќе пред спомен плочата, и оддадоа почит на загинатите македонски полицајци во Диво Насеље, на 5 мај 2015 година.
Беше отворена и книга на жалост во која се потпишаа сите присутни.
„Ова е црн ден за Куманово и Македонија, но сум револтиран од бројката на присутни граѓани. Како вработени во државната администрација, чии примања доаѓаат од буџетот на државата, имаме должност да го негуваме колективното сеќавање на ваквите значајни настани. Десетгодишнината од овој ден претставува повод за достојно одбележување. Во иднина, истиот треба да биде воспоставен како ден на градско сеќавање, ден за оддавање почит. Овие храбри поединци оставија траен белег во историјата, и нивната жртва мора да остане вечно запаметена. Наша обврска, како граѓани и институции, е да ја пренесуваме нивната храброст и посветеност на идните генерации“, кажа Антонио Станковски, кој бил командир на сите специјалци за време на полициската акција во Диво Насеље.