Мени

Прекинат железничкиот сообраќај кон Табановце

16.05.2014 13:53 | KumanovoNews

Железничкиот сообраќај кон граничниот премин Табановце е во прекин поради поплавите во соседна Србија.

Прекинат железничкиот сообраќај кон Табановце

Од  Македонски железници Транспорт од  Скопје информираат дека од денеска од утринските часови, транзитот кон и од железничка станица Табановце е во прекин поради поплавите во Република Србија, со исклучок на меѓународниот патнички воз кој ќе сообраќа на релација Солун - Ниш.