Приведен кумановец, осомничен за подметнување пожар
        02.09.2025 15:46
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кумановската полиција приведе кумановец под сомнение дека подметнал пожар на возило.
                  „Се сомничи дека на 30. август на улица „Моша Пијаде“ во Куманово предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“, сопственост на А.Г. од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



