Кумановец приведен поради демнење на девојка, имал судска забрана да и се приближува
02.10.2025 14:26
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера напладне привеле 32-годишен кумановец, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ .

Тој подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово.
„Девојката го пријавила случајот во април, по што од страна на судија од Основен суд Куманово му беше изречена мерка претпазливост за недоближување. Додека, по преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.