Приведен возач во Куманово, возел со 2,37 промили алкохол и удрил во паркирано возило
Полицијата вчера во 16.50 часот на ул.„120“ во Куманово, привела возач под дејство на алкохол кој предизвикал сообраќајка.

„Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(37) од Куманово. Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, а при преземање мерки во врска со незгодата полициски службеници констатирал дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,37 промили алкохол во организмот“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.