Мени

Приведени косовски државјани - нелегално сечеле шума во Липковско

18.12.2025 09:45 | KumanovoNews

Организирана група на дрвокрадци подолг период вршела нелегална сеча на дрва во Кумановско-Ллипковскиот регион во близина на границата со Косово. 

Приведени косовски државјани - нелегално сечеле шума во Липковско

Групата „оперирала“ на територијата на селата Руница, Матејче, Слупчане, Балановце и Злокуќаени. 

Во изминатите неколку дена во координирана акција на ЈП "Македонски Шуми", Шумската Полиција од Куманово, Граничната Полиција РЦ Север и СВР Куманово, биле откриени дел од учесниците во групата. 

„Притоа била одземена поголема количина на огревно дрво, камион и комбе, кое било со фалсификат документација.  Приведени се тројца косовски државјани кои биле дел од организираната група, кои се извадени пред судија на истражна постапка, а поднесени се пријави против повеќе познати и непознати сторители. Материјалната штета која е причинета при сечење на дрвата, кои беа конфискувани во овие неколку дена е повеќе од 300.000 денари, а оваа група во изминатиов период има причинето милионска штета“, објави заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Тој најави дека во наредните денови ќе се спроведе истрага дали дел од шумочуварска служба била во тесна врска со оваа организирана група.