×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени тројца возачи од кумановско, возеле под дејство на алкохол

    10.05.2025 11:59 | KumanovoNews

    Тројца возачи од кумановско се приведени, бидејќи управувале автомобили под дејство на алкохол.

     

    Приведени тројца возачи од кумановско, возеле под дејство на алкохол

    „Ноќеска во 01.30 часот на регионалниот пат Куманово-Св.Николе, полициски службеници го привеле Н.М.(28) од с.Биљановце, бидејќи при контрола на патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта. Исто така, во 01.55 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, В.К.(42) од с.Доброшане,  управувал патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно дека има 1,69 промили алкохол во крвта. Околу 03 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово,  Б.Д.(28) од с.Табановце, со патничко возило „голф“ возел под дејство на алкохол, односно имал 1,56 промили алкохол во крвта,. Сите биле исклучени од сообраќајот и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против овие лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило““, соопшти МВР.