Пролетно „замивање „ на Батко Ѓорѓија
16.05.2011 08:15
| KumanovoNews
Двајца стручни работници на Заводот за заштита на споменици, викендов ја чистеа бронзената фигура на популарниот Батко Ѓоргија во фонтаната на центарот на Куманово.

Станува збор за вообичаена активност на Заводот за чистење на спомениците од патина и други белези на забот на времето. Пензионерите и други граѓани рашетани на убавото време во сабота по плоштадот го поздравуваат пролетното ,,замивање‘‘ на споменикот на популарниот Батко и се прашуваат ќе му биде ли вратен бастумот на десната, рака што му е украден пред повеќе месеци од страна на некој несовесен минувач.