Мени

Во Куманово првото бебе машко

01.01.2015 12:51 | KumanovoNews

Првото бебе во Куманово е родено во 5.05 часот на гинеколошко-акушерското  одделение во Општата болница Куманово.

Во Куманово првото бебе машко

Бебето е тешко 2.850 грама, долго 46 сантиметри. На свет го донесе Изнуре Адеми (32) од липковското село Отља.

Многу сум среќна и се чувствувам прекрасно. Ова е мое второ бебе и братчето со нетрпение очекува да сигне дома, - изјави кратко мајката.

Лекарите велат дека породувањето поминало без проблеми, и мајката и бебето се чувствуваат добро.

Пациентката е второротка, се породи прилично лесно и брзо. Од сабајле имаме уште две породувања и очекуваме во текот на денот уште 5. Прво па машко и полна сала за породување, значи ќе имаме бериќетна година, - изјави Лидија Јовчевска-Ивановска, шеф на акушерското одделение.

Денеска напладне градоначалникот ги посети бебето и мајката и однесе подароци.

Две години по ред првороденото бебе е машко. Во името на граѓаните на Куманово упатувам честитки до мајката. Донесовме златник кој ќе биде спомен на првиот граѓанин на Куманово во 2015 година. Посакувам среќа и долг живот на бебето, - изјави градоначалникот Дамјановски.

 Честитки и подароци за мајката и новороденчето донесе и директорот на Општата болница Куманово.

Во Кумановската болница годишно се раѓаат околу 1600 бебиња од општините во североисточниот регион.  За околу два проценти повеќе се раѓаат момчиња од девојчиња.