×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштен во употреба реконструираниот пат Клечовце - Бељаковце

    18.06.2025 15:03 | KumanovoNews

    Регионалниот пат кој ги поврзува селата Клечовце и Бељаковце денеска беше пуштен во употреба, откако заврши неговата реконструкција.  Патот е во должина од 6 километри, а реконструкцијата чини 30 милиони денари.

    Пуштен во употреба реконструираниот пат Клечовце - Бељаковце

    Рехабилитацијата на патот е е реализирана согласно Годишната програма на ЈПДП за 2025 година, преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонија пат, од каде се издвојуваат средствата за обнова на регионалните патни правци во општините.

    „Реконструкцијата е комплетно завршена, остануваат уште некои ситни детали. Сакам да се заблагодарам на ЈП за државни патишта и Македонија пат кои што наидоа на разбирање за потребата за реконструкција на овој патен правец, а предходно ние по барање на граѓаните побаравме ова траса да се реконструира бидејќи беше порилично уништена поради тешките возила наизградба на пругата Куманово - Бељаковце. Ова е  од особено значење за жителите во овој дела на општината, бидејќи е еден од позапоставените и стопански неразвиен крај, кој претежно се занимава со земјоделство“, кажа градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

     Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, Коце Трајановски, вели дека освен со пругата овој крај се поврзува и со патна инфраструктура, поради што очекува да допринесе за развој, а луѓето да се вратат на селата.

    „Во договор со ЈП "Македонија пат"  имаме предвидено околу 300 милиони евра за реконструкција на локалните патишта. Во општина Куманово како една од поголемите оваа година планирано е да се инвестира 85 милиони денари. Веќе 20 милиони се потрошени за ул. Никола Тесла, која е завршена, а следниот пат ќе биде изградбата на патот од селото Пчиња до Вакв. За оваа година ќе ја исполниме програмата, а за наредната година ќе се предвидат нови проекти кои се приоритет,  а се во надлежност на ЈПДП“, кажа Трајановски. 

    (Фото: Општина Куманово)