Работниците да не се изложуваат директно на сонце
12.08.2013 10:26
| KumanovoNews
Од денеска трудовите инспектори ќе вршат контроли на терен за да проверат дали газдите на работниците им даваат паузи во најтоплиот дел од денот и ги снабдуваат со течности, иако официјална забрана за работа на отворено во кумановско нема.
Градежниците не треба да се изложуваат на сонце и да работат на покрив кога е најжешко. Работодавците треба да ги снабдуваат работниците со течности и ладна вода за да не дехидрираат. Заради годишните одмори не правевме контроли месец дена, но од денеска ќе продолжиме со работа - изјави Ферсан Бина, државен инспектор за труд.
Лани на 10 работодавци им е изречена казна забрана за вршење на дејност поради непочитување на препораки за заштита од топлотен бран.

