Расчистени дел од локалните патишта во Старо Нагоричане
30.12.2014 13:38
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден расчистени се повеќе завеани патишта во општината Старо Нагоричане.
Според општинските власти, исчистени се патиштата од село Никуљане кон Куманово, Пелинце - Алгуња - Татариновац, центарот на село Младо Нагоричане и Војник - Бајловце.
“Во планинските села немаше струја бидејќи изгоре трафостаница во село Степанце, но дефектот е отстранет и вчера тие добија струја. За расчистување на патишта е ангажирана фирмата “Ѓорго Комерц“ од село Младо Нагоричане и секаде каде имаат потреба граѓаните, ќе одговориме на нивните барања“ - велат од општина Старо Нагоричане.
Наставата во училиштата во Старо Нагоричане се одвива редовно.

