Разладување!
25.08.2011 13:35
| KumanovoNews
Две деца се капea во базенот на фонтаната Батко Ѓорѓија на Градскиот плоштад мината недела за да се спасат од жештината.

Попладневното расладување предизвика внимание кај постарите, а особено на децата кои во тоа време се најдоа на плоштадот. Тие им завидуваа на своите врсници што уживаа водата на новосоздадениот „градски базен„,, а возрасните коментираа дека и тие со задоволство би влегле во водата.
Сега кога температурите се многу повиски, и жештината не попушта, постојат големи шански малите капачи да добијат сериозна конкуренција во фонтаната на плоштадот.