Реката Слупчанка се излеа во селото Опае
09.02.2015 09:22
| KumanovoNews
Реката Слупчанка викендов се излеа во липковското село Опае, при што поплави 10 објекти.
Денес водата е повлечена и состојбата е стабилизирана. Од страна на Регионалниот центар за управување со кризи, дадени се препораки до општината Липково за активирање на општински штаб за заштита и спасување.
“Паднатата топола во речното корито во утринските часови со една градежна машина е извлечена од речното корито на Липковка во село Липково, со што е намален ризикот на нејзино повторно излевање“ - велат од РЦУК.
Иако браните Глажња и Липково се прелеваат, сепак не претставуваат сериозна опасност за излевање на водата од речните корита на Липковка и Кумановка.

