×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструкцијата на кровот на „Браќа“ и „Крсте„ ќе заврши до крајот на учебната година, кажа министерот Шаќири

    06.02.2023 15:21 | Оливера Пешевска

    Тече постапката за избор на фирма која што ќе изврши санација на покривот на зградата на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ во Куманово. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, при денешната посета, кажа дека очекува административните процедури и градежните работи да завршат до крајот на учебната година.

    Реконструкцијата на кровот на „Браќа“ и „Крсте„ ќе заврши до крајот на учебната година, кажа министерот Шаќири

    „Како Влада на крајот на минатата година обезбедивме средства и почнавме со постапката за јавни набавки за економски оператор. Постапката за прибирање понуди е завршена, сега комисијата на МОН ќе ја разгледува доставената документација, а потоа останува времето за жалби. Ќе барам да се забрза постапката и временските рокови, за да имаме услови што побрзо да го реализизраме тој проект. Очекувам дека ќе се заврши во оваа календарска години и од 1. септември да ги немаме повеќе овие проблеми“, изјави министерот Шаќири.

     Градоначалникот Максим Димитриевски, праша ако Владата нема можност да обезбедни средства, тогаш да каже за да локалната самоуправа од својот буџет да изнајде решение.

    „Во моментов ниту сме нагоре ниту сме надолу, ќе заврши школската година децата се уште учат во други објекти и сметам дека на ова треба да му се стави крај“, кажа Димитриевски.

    Тој додаде дека инвестициите во образованието во Општина Куманово во најголем дел се обезбедени од општинскиот буџет, по основ на заштеда, а само дел се на државата.

    „Аплицираме на голем број на повици на Министерството за образование и наука, бидејќи ЈП „Куманово - план“ работи за подготвување на проектна документација. За реконструкција на постоечки капацитети први изработивме план и први аплициравме, се работи на принципот „прв дојден, прв услужен“.Досега успеавме да добиеме голема поддршка тука, но ова година се уште нема одговор од ресорното министерство“, изјави Димитриевски.

    Прокиснувањето на покривот на училишната зграда е повеќегодишен проблем, но оваа учебна се интензивираше и поплави повеќе училници на последниот кат. Поради тоа дел од паралеките се дислоцирани во други објекти за следење на наставата.