Мени

Со донација од „Срби за Србите“ реновирано училиштето во Долно Којнаре

14.09.2026 20:19 | KumanovoNews

Со средства обезбедени од Хуманитарната организација „Срби за Србите“ реновирана е училишната зграда на подрачното училиште „11 Октомври“ во селото Долно Којнаре.

Со донација од „Срби за Србите“ реновирано училиштето во Долно Којнаре

Денеска во училиштето се одржа свеченост по повод завршувањето на реновирањето, во присуство на повеќе гости, родители и ученици.

„Кога ви се обративме за помош, верувавме дека ќе ја препознаете потребата на нашите ученици. Она што го направивте за нашето училиште претставува многу повеќе од обична помош. Покажавте вистинска солидарност, хуманост и грижа за децата. Вашето добро дело ќе биде запишано во историјата на ова училиште“, истакна директорката Славица Серафимовиќ, заблагодарувајќи им се на донаторите.

Хуманитарната организација „Срби за Србите“ минатата година го реновираше и подрачното училиште во селото Речица, а финансираше  и изградба на повеќе куќи за семејства од ранливите категории во Куманово и регионот.