Мени

Риболовците од “Пчиња“ на натпревар на Тиквешко езеро

01.08.2014 10:50 | KumanovoNews

Екипа од Спортско риболовно друштво “Пчиња“ на 9 август ќе учествува на Куп на Македонија на Тиквешко езеро што го организира Риболовна федерација на Македонија, по повод  Илинден.

Риболовците од “Пчиња“ на натпревар на Тиквешко езеро

- Ќе пратиме екипа составена од три члена и замени кои ќе се натпреваруваат во категорија сениори. Тие ќе си ги одмерат силите во ловење на риба со пливка - рече Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

На натпреварот ќе учествуваат над десет риболовни друштва од повеќе градови од Македонија.