Самет Салиевски нов советник во Советот на општина Куманово
20.01.2017 12:31
| KumanovoNews
Самет Салиевски од СДСМ, вработен во ЈП „Чистота и Зеленило“ е нов советник во Советот на општина Куманово.

Салиевски влегува на местото на Максим Димитривески, на кој му престана мандатот во Совeт поради извршување на пратеничката функција.
Мандатот на Салиевски ќе му биде верификувам на следната седница која ќе се одржи на 31 јануари.
Салиевски е познат на кумановската јавност како претседател на ромското културно-уметничко друштво „Рушид Шакир„, и организатор на „Рома-труба фест“.