×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ објави документи за кои тврди дека се доказ за коруптивниот скандал на Димитриевски и Митевски

    08.05.2025 15:07 | KumanovoNews

    СДСМ денеска објави повеќе документите за кои тврди дека се доказ за најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово во организација на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски, со кој заработиле 350.000 евра.

    СДСМ објави документи за кои тврди дека се доказ за коруптивниот скандал на Димитриевски и Митевски

    Координаторот на советничката група Александар Јовановски, покажа полномошно со кое кумот на Димитриевски, Драган Митевски, му дава овластување на „Лидл“ да постапува за измена на ДУП-от.

    „Сега замислете, Драган Митевски, кум на Максим, преку ноќ купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра. Неколку дена подоцна, го продал на Лидл за 600.000 евра со што заработил 350.000 евра со нула инвестиција, преку ноќ.  Потоа ги овластил купувачите да спроведат постапка за менување на ДУП кај неговиот кум Димитриевски. Постои ли поочигледен судир на интерес и корупција?“, праша Јовановски.

     Тој додаде, за да биде скандалот поголем, при првото гласање на измената на ДУП-от, гласал и братот на Драган Митевски, Дарко Митевски, кој е координатор на советничката група на ЗНАМ. Таа одлука подоцна е поништена, а на второто гласање Максим се договорил со советниците на ДУИ да го гласаат ДУП-от. 

    „Сè уште молчи Максим што тоа им е ветено на советниците од ДУИ. Му даваме уште еден ден, а потоа ќе го објавиме неговиот договор и за оваа работа. Но според нашите информации, скандалот не завршува тука. Прашуваме, дали е вистина дека постои друг договор помеѓу кумот на Максим склучен со „Лидл“, во кој тој се обврзува да издејствува измена на ДУП-от во рок од две години? Дали е точно дека согласно тој договор, тој иако ги наплатил сите 600.000 евра, смее да користи само 180.000 евра, а останатите 420.000 мора да бидат на сметка и дека ќе може да ги користи дури по реализација на договореното, односно измена на ДУП-от? Нашите информации се дека има и бараме итно и неодложно постапување на институциите на прогонот, ЈО и Антикорупциска. Итно мора да се оформи предмет за овој повеќе од очигледен случај на корупција на Максим Димитриевски. Борецот за правда и лутиот ривал на ДУИ, Димитриевски, ниту е борец за правда, ниту се бори против ДУИ. Си ги сруши целосно клучните ветувања пред граѓаните. Се испостави дека го интересираат само пари и бизнис, и дека за да го реализира тоа, спремен е да прави договори со секој, па дури и со ДУИ, за која цела кампања зборуваше дека мора да оди во опозиција“, кажа Јовановски.