Се подготвува нова претстава во Кумановскиот театар
17.01.2017 10:55
| KumanovoNews
Актерите од Кумановскиот театар ја подготвуваат претставата “Семејството Тот”, по текст на унгарскиот писател Иштван Еркењ, во режија на Мартин Лазаревски.

Во претставата играат актерите: Мирослав Петковиќ, Александра Пешевска, Сања Русевска, Марко Трајковиќ и Антонио Димитриевски.
„Овој проект е финансиран од сопствени средства на НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово, а станува збор за трагикомедија, која поставена на сцената со својот минималистички пристап и ќе ги освои срцата на поголемиот дел од публиката„, - соопштуваат од театарот.
Плановите се премиерата да биде на крај на јануари.