Се поставуваат нови подови во училиштето во Табановце
Во основното училиште „Браќа Рибар„ во селото Табановце, во тек се градежните работи за поставување на нови подови.
На површина од 610 метри квадратни, на призејето и катот на училишната зграда ќе се заменат старите дрвени подови со нови пвц.
„Со проектот се опфатени канцеларијата, библиотеката и 9 училници. Во тек е бетонирањето на подовите, по што ќе се постават пластични подови. Тоа ќе ја зголеми хигиената во училиштето, бидејќи имаме деца кои доаѓаат од кај кампот на бегалците. Со новите подови ќе може полесно да се исчисти и дезинфицира“, - вели директорката на училиштето Светлана Стефановска.
Поради реновирањето на подовите на горниот кат, наставата во училиштето се одвива во приземните училници во две смени.
Проектот чини на 1 милион денари, а сретствата ги обезбеди Меѓународниот центар за граѓанско образование од Скопје.