×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се преврте цистерна со нафта во Младо Нагоричане

    11.08.2016 10:06 | KumanovoNews

    Превртена цистерна во селото Младо Нагоричане завчера го блокирала сообраќајот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.

    Се преврте цистерна со нафта во Младо Нагоричане

     Како што изјавија за Кумановоњус од СВР Куманово, несреќата се случила во 20.30 часот во м.в. Смилчинци, кога товарно моторно возило со бугарски регистерски таблички додека се движело од Крива Паланка кон Куманово се судрило со голф со скопски таблички кој доаѓал од спротивната насока.

    При судирот цистерната се превртела на патот и почнало да истекува гориво. Патниците во двете возила останале неповредени.

    Територијалната противпожарна единица од Куманово излегла на терен од безбедносни причини во случај на експлозија, а сообраќајот бил во прекин до 23 часот. Откако цистерната и голфот биле тргнати од патот, пожарникарите го испрале коловозот и сообраќајот е нормализиран.  Во несреќата причинета е само матерјална штета. Увид изврши екипа на СВР Куманово и работи на утврдување на причините за сообраќајката.

                                                             (фото архива)