Се уредува Домот на културата во Матејче
15.12.2015 12:07
| KumanovoNews
Се доуредува Домот на културата во липковското село Матејче.

Домот на културата е на два ката, со деловни простории, просториите се варосани, поставени се прозорци. Општината направи тротоари и ќе треба и понатаму да се уредува објектот. Ова е единствена ваква установа за културни настани во општината - рече Неџати Османи, секретар во општина Липково.
Од локалната самоуправа се надеваат дека во скоро време објектот ќе биде целосно готов и ќе профунционира.