Сe уредува просторот околу чешмата на Вруќа вода?
        22.03.2011 14:00
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      По пишувањето на Kumanovonews за запуштеноста на бањскиот комплекс во Проевце, деновиве нешто ,,мрдна‘‘.
 
                  Пред главната чешма на Вруќа вода: група работници монтираа нови седишта на клупите. Немаше претпоставен работник да не‘ информира за тоа кој е изведувач на овој зафат и дали е предвидено да се обнови целиот амбиент околу чешмата, но во надеж дека тоа ќе се случи, за почеток е доволно и тоа што барем нешто се работи. Оваа новина е на особено задоволство на граѓаните, кои ја користат изворската минерална вода ,,Кумановка‘‘.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




