Се задушил во пожар на неговата куќа
01.11.2016 10:08
| KumanovoNews
Старец од липковското село Матејче бил пронајден мртов откако се задушил во пожар, во неговата куќа.

Несреќата се случила синоќа околу 19.30 часот, кога во домот на М.Ш.(75) од непознати причини во една од собите избувнал пожар. Пожарот се проширил и на другата просторија, при што целосно изгореле. Со интервенција на пожарната единица од Куманово огнот бил изгаснат во 21.45 часот. Во бањата било пронајдено безживотното тело на сопственикот на куќата. Лекар на Итна помош констатирал дека смртта настапила како последица на труење со чад. Извршен е увид на лице место. Матерјалната штета дополнително ќе се утврдува.