Мени

Искршени садници, украдени цвеќиња - продолжува вандализмот на зелените површини во Куманово

21.10.2026 07:48 | KumanovoNews

Повторно се искршени садници од дрворедот на булеварот „Трета МУБ“, а оштетени се и украдени дел од цвеќињата кои пред неколку дена без засадени на Градскиот плоштад во Куманово. 

Искршени садници, украдени цвеќиња - продолжува вандализмот на зелените површини во Куманово

Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека вложените средства и желба за поубав и позелен град повторно се уништуваат од несовесни поединци.

„Кому му пречат зеленилото, цвеќињата и уредените јавни површини? Зошто не знаеме да го чуваме она што е создадено за сите нас? Дали навистина е толку тешко да се почитува туѓиот труд и да се зачува нешто што му припаѓа на целото општество? Ова не е само уништување цвеќиња и садници. Ова е уништување на јавен имот, на вложени средства од граѓаните и на напорите да имаме поубаво, почисто и позелено Куманово“, велат од ЈП „Чистота и зеленило“.

Оттаму упатуваат апел до несовесните граѓани да престанат со вандализмот и потсетуваат дека јавните површини се заедничко добро и сите граѓани имаат обврска да го чуваат. 

„Бараме од надлежните институции да преземат конкретни мерки, да го зголемат надзорот и да ги пронајдат и санкционираат сторителите. Не е доволно штетата постојано да се санира, а истото да се повторува одново и одново. Потребна е одговорност и конкретна реакција“, стои во известувањето.