Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Отсекот за економски криминал при СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик.
Пријавениот набавил фалсификувана банкнота во апоен од 100 евра и откако остварил влез во државата преку граничен премин Табановце, на бензинска пумпа на автопатот Табановце- Куманово извршил размена со фалсификуваната банкнота.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk