Мени

Сообраќајот на патот Куманово - Скопје е во прекин, се превртел камион кај Хиподром

24.10.2025 09:50 | KumanovoNews

Сообраќајот на патниот правец Куманово- Скопје, на клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, е во прекин од 9 часот утрово.

Сообраќајот на патот Куманово - Скопје е во прекин, се превртел камион кај Хиподром

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), причина за прекинот е излетано товарно моторно возило  што го оневозможува нормалното одвивање на сообраќајот.

„Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес“, соопшти МВР.