Состанок во „Панче Пешев“ за проблемите со пожарите и загадувањето
Месната заедница „Панче Пешев“ утре ќе одржи состанок со граѓаните каде што ќе се разговара за проблемите со пожарите на јавен простор и загадување на воздухот.

Барањата која ќе бидат договорени ќе се достават до надлежните служби во Општина Куманово.
„На состанокот ќе се дискутира околу загадувањето на воздухот во зима и лето. Очекуваме соседите да дадат предлози за преземање на конкретни акции против нелегално палење, кое е главниот причинител на загадување, и да се договориме за понатамошно преземање на иницијативи и мерки на оваа тема. Да не дозволиме нашите семејства и нашите деца да раснат постојано во нечист воздух и да бидат труени од несовесни граѓани на кои засега постоечките закони не им можат ништо“, велат претставниците на месната заедница.
Тие ги повикаа граѓаните да дојдат во што поголем број , заради посериозна организација и за понатамошно дејствување . Доколку надлежните немаат слух за проблемите најавуваат блокада на булеварот и граѓанска непослушност.
Состанокот ќе се одржи на паркингот пред Тутунска банка, бул. „Октомвриска револуција“ утре во 20 часот.