Не одам во друга партија, ќе дејствувам независно, вели Салиевски по заминувањето од СДСМ
Советникот Самет Салиевски вчера соопшти дека ја напушта коалицијата на СДСМ во Советот на Општина Куманово, и до крајот на мандатот ќе дејствува како независен советник.

„Ова е барање е на мојот народ, бидејќи за 3,5 години не направив ништо за мојата заедница. Сметам дека ќе има нов кандидат, нов советник кој ќе успее да го реализира она што јас не успејав и тоа што го бараа од мене. Мојата политичка кариера завршува тука, има уште две седници“, кажа Салиевски, кој 4 мандати е советник на СДСМ.
По неговото најава веднаш излегоа информации дека тој ќе премине во партијата ЗНАМ, што Салиевски ги отфрла како шпекулации.
„Не е точно дека ќе преминам во друга партија. Тука ќе ја завршам политичката кариера и ќе се посветам на боксот, мојата прва љубов. Тоа повеќе ме влече“, ни кажа Салиевски.
Тој ги повика неговите подржувачи и сограѓани во иднина да гласаат и да ја поддржат паријата која ќе им вети подобри условите за живот и решавање на инфраструктурните проблеми. Смета дека се борел колку што можел, и успејал да реализира многу проекти, но последните години неговата партија иако била на власт на централно ниво не покажала разбирање за потребите на ромската заедница, поради што и се повлекува.