×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколци воодушевија со „Госпоѓа Министерка“

    13.04.2016 11:11 | KumanovoNews

    Актерската екипа од средното училиште „Перо Наков“ ја воодушеви кумановската публика со изведба на претставта „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, а во режија на професорите Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски, која две вечери по ред се играше во Народниот театар Куманово.

    Средношколци воодушевија со „Госпоѓа Министерка“

    Делото е напишано 1929 година, но текстот се уште е актуелен и новото читање на претставата од средношколците остави силен впечаток кај публиката. Посебен ефект имаше кумановски дијалект на дел од репликите. Во  претставата играа Марија Коцевска, Дејвид Стоилковски, Милена Стојановска, Мартин Павловски, Стефан Павличек, Димитар Петрушевски, Гоце Хаџиски, Јована Спасовска, Николај Павловски, Ивана Мадиќ, Катерина Стојмановска, Сара Спасовска, Столе Јаневски и Кристина Петрушевска.

    Го одбравме овој текст затоа што е вонвременски. Пишуван е пред сто години, а секојдневно се случуваат случки како од претставата. Избравме да ја играме на кумановски затоа што ќе биде поблиска до гледачите, да ја покажеме малограѓанштина во Куманово и Македонија, - вели Стефан Павличек, трета година во средното училиште „Перо Наков“.

     На претставата присуствуваа и кумановски политичари.

    За жал морам да констатирам дека многу сличности постојат и во нашето денешно секојдневие, бидејќи не само Македонија воопшто, туку целиот регион наликува на една општа политичка бурлеска“, - вели Максим Димитриевски, претседател на со Совет на Општина Куманово.

    Од средното училиште најавија дека поради големиот интерес на публиката се договараат да се игра и трета претстава на „Госпоѓа министерка“.