Старо Нагоричане го слави Денот на ослободувањето
10.11.2014 10:28
| KumanovoNews
Општина Старо Нагоричане со низа активности ќе го прослави 11 Ноември - Денот на ослободувањето.
Свечена седница на Советот на општина Старо Нагоричане ќе се одржи утре во 11 часот. Тогаш ќе бидат доделени Ноемвриските награди и благодарници на заслужни поединци и фрми во Општината.
Во 12.30 часот свечено ќе биде пуштен во употреба Центарот за млади, кој се наоѓа во реновираното поранешно основно училиште. На свеченоста ќе се обрати градоначалникот, Милован Стојковски.
На прославата по повод Денот на градот ќе присуствуваат амбасадори, пратеници, гости од регионот и збратимените градови Врање, Горњи Милановац, Сурдулица, Трговиште и други.

