×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Стојковски: Во Куманово нема основна инфраструктура за лицата со попреченост

    24.10.2025 18:46 | KumanovoNews

    Во централното градско подрачје на Куманово нема основна инфраструктура која ги задоволува потребите на лицата со попреченост, поради што е загрозена нивната безбедност и често целосно им е оневозможено движењето.

    Стојковски: Во Куманово нема основна инфраструктура за лицата со попреченост

    Ваквата состојба е резултат на долгогодишно лошо менаџирање на локалната власт, која не посветила внимание на оваа категорија граѓани, изјави кандидатот за градоначалник Горан Стојковски – Диро на денешната прес-конференција.

    „На Малиот плоштад нема ниту една пропишно поставена рампа за лица со попреченост, а гранитните плочи се нерамни. Иста е состојбата и со катната гаража и Домот на културата. Имаме патека која завршува директно на сообраќајница, без обележан пешачки премин, тротоар кој не е проширен и завршува слепо. Ова покажува колку овој простор е небезбеден и колку лицата со попреченост реално можат да функционираат тука. Истовремено, тоа говори и за лошото менаџирање со проектите од страна на Општина Куманово, иако постојано се зборува дека треба да има инклузивност и еднакви услови за лицата со попреченост “, рече Стојковски.

    Тој најави дека, доколку ја добие довербата на граѓаните, една од првите обврски ќе биде целосна ревизија на реализираните проекти, со цел изведувачите да бидат обврзани да ги коригираат пропустите и да ги усогласат со потребите на лицата со попреченост.

    Исто така, Стојковски најави и засилен и бескомпромисен надзор при реализацијата на сите идни проекти, за ангажираните фирми да ја извршуваат работата квалитетно и во согласност со стандардите.