×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Судењето за „Диво Насеље“ продолжува зад затворени врати

    06.09.2016 10:45 | KumanovoNews

    Судскиот процес за случувањата во кумановската Дива Населба по еден месец пауза денеска продолжува во Кривичниот суд во Скопје.

    Судењето за „Диво Насеље“ продолжува зад затворени врати

    Денешното рочиште е сè уште затворено за јавноста, бидејќи во тек е испитувањето на заштитените сведоци, полициски службеници кои учествувале во борбените дејствија од 9 и 10 мај минатата година.

    Во текот на септември закажани се пет рочишта.

    Судењето се одвива во големата сала на Врховниот суд, која со одлука на Владата на РМ му беше отстапена на Кривичниот суд на привремено користење во рок од шест месеци. Кон крајот на октомври истекуваат шесте месеци и многу е веројатно дека овој обемен процес нема да заврши дотогаш.

    Процесот започна на 9 февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати. Причината за прекин на постапката беше спојувањето на предметите „Диво Насеље“ и „Молња“..

    Во случајот „Диво Насеље“ обвинети се 29 лица кои се товарат за кривични дела терористичко организирање и тероризам. Обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни за делата за кои се товарат. Досега беа сослушани сведоци на Обвинителството, роднини и соседи на обвинетите и полициски службеници учесници во дводневните вооружени престрелки.

    Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.