Светосавска академија за националниот празник на Србите
24.01.2017 10:02
| KumanovoNews
По повод националниот празник на Србите во Македонија Свети Сава, Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово, во четврток во Народниот театар организира Светосавска академија.

Во културно-уметничката програма ќе настапат актери од Народниот театар од Белград, солистите Даница Крстиќ, Наташа Диденко, Александра Коцевска, Глигор Гелебешев и КУД Српски вез.
Свечената академија ќе започне во 19 часот.