Тело во распаѓање пронајдено во реката Пчиња
17.06.2016 08:55
| KumanovoNews
Тело во распаѓање вчера е пронајдено во коритото на реката Пчиња во кумановското село Војник.

Телото го пронашол случаен минува во 16.30 часот по што повикал полиција. Како што соопштуваат од СВР Куманово, екипа на територијалната противпожарна екипа го извадила безживотното тело од водата. По извршениот увид било констатитано дека починатата е 75-годишна жена од селото Младо Нагоричане, која пред еден месец исчезнала од дома.