Тешко повреден мигрант во Ваксинце
Мигрант тешко e повреден во тепачка со негови сонародници во липковското село Ваксинце.

С.Р. (25) од Пакистан се здобил со повреди во пределот на десната страна од градниот кош нанесени од остар предмет, по што како итен случај веднаш бил препратен во Ургентен центар Скопје. Инцидентот се случил синоќа околу 22.30 часот, кога 15-тина непознати лица, најверојатно мигранти се степале во селото. Случајот бил пријавен во полициската станица Матејче, а брзо потоа од Кумановската болница се јавиле дека на хируршкото одделение е донесен повреден маж. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.