Традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија„ во сабота
На Градскиот плоштад, во сабота ќе се одржи традиционалниот училиштен маскенбал “Батко Ѓорѓија 2016“.

Учество ќе земат над 2000 ученици со 40 маски од градинките, основните и средни училишта.
„Маскираните ќе прошетаат по улиците во централното градско подрачје и во 11 часот ќе стигнат на Градскиот плоштад каде ќе бидат оценети од стручното жири. Ќе поделиме 10 награди, во сите категории по три и специјална за иновација. И оваа година ќе имаме гости од Струмичкиот карневал, кои ќе се претстават пред нашата публика, - рече Цоки Ристевски, раководител во секторот за култура.
Кумановскиот маскенбал се одржува 12 години по ред и има амбиции да влезе во Европската федерација на маскенбали.