Трибина на Демократски сила на Ромите
        03.04.2011 10:31
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      По повод 40 години од Првиот конгрес на Ромите во Лондон, општинската организација на Демократските сила на Ромите, утре вечер ќе одржи трибина.
 
                  На трибината ќе се расправа за политичката состојба во државата и насоките на делување на Демократските сила на Ромите за наредните избори. Ќе присуствува лидерот на ДСР Шабан Салиу, и пратениците од Куманово. Трибината ќе се одржи во Центарот за култура во 18 часот.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



