×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училишната зграда на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ ќе добие енергетско ефикасна фасада

    05.06.2025 16:19 | Оливера Пешевска

    Училишната зграда на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ ќе добие енергетско ефикасна фасада, за време на летниот распуст. 

    Училишната зграда на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ ќе добие енергетско ефикасна фасада

     За конечниот изглед и бојата на објектот одлучуваа самите ученици на „Браќа Миладиновци“, кој е краен корисник на проектот финансиран од Кралството Шведска, кофинансиран од Општина Куманово, а се имплементира преку програмата на УНДП.

    За проектот е аплицирано во 2023 година, и е една од мерките со кои Oпштината се справува со аерозагадувањето.  

    „Денеска учениците пред себе имаат две идејни решенија, како би изгледала фасадата на нашето училиште- да ја изберат бојата. Се надевам дека кога ќе пораснат и ќе поминуваат овде ќе си кажат „јас бев еден од оние кои одлучија каква ќе биде фасадата на моето училиште““, истакна директорката Јасмина Спасовска.

    Планот е да се започне со работа веќе по 10 јуни, кога ќе се распуштат учениците, заради нивна безбедност.  Раководниот тим на училиштето ќе пружи логистичка поддршка за да може да се заврши проектот до почетокот на учебната 2025/2026 година. Директорката Спасовска нагласи деке не очекуваат одолжување на работите, освен доколку повторно не се воведат вонредни мерки за заштита на работниците поради екстремно високи температури.

    Со поставување на фасадата се добива целосно енергетско- ефикасен објект, затоа што претходно веќе се заменети кровот и столаријата. На ова училишна зграда е даден приоритет затоа што е најголемо училиште во општина Куманово, од аспект на бројност на ученици кои го посетуваат- се работи за вкупно 2.500 ученици.

    „Ова беше една од предлог мерките на форумите на кои самите граѓани одбраа да се реализира“, објасни Александра Георгиевска Протиќ од Одделението за животна средина.

    Во Општина Куманово образовниот процес се одвива во 21 правни субјекти, во 49 различни објекти. Приоритет за енергетско- ефикасни објекти е даден на централните училишта лоцирани во градот.

    „Онаму каде има најголема посетеност и  поголем број на ученици имаат поставено таква фасада. Од основните училишта остануваат само „Вук Караџиќ“, „Магдалена Антова“ и „Кочо Рацин“, додека кај средните училишта секаде е поставена енергетско ефикасна фасада“, посочи Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование.

    Проектот е промовиран на 5 Јуни- Светски ден на заштита на животната средина.