УМС:Загадувањето во Куманово е 7 пати над дозволеното
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Куманово повторно е најзагаден град во Европа, а локалната власт не презема ништо.

„Никаде го нема Зоран Дамјановски да каже зошто тој и СДСМ 27 години не презеле ништо во Куманово за да се справат со овој проблем. Агонијата на Кумановчани продолжува. Загадувањето во Куманово е 7 пати над максимално дозволената граница. Денес во 13 часот беа измерени 338 мг/м3 од ПМ10 честичките, а максимално дозволената граница е 50 мг/м3. Со месеци никаде ги нема ниту НВО платениците на СДСМ и Сорос кои се интересираат за проблематиката со воздухот само кога е во политички интерес на СДСМ и Сорос, - изјави Марио Цветковски.
Од партијата тврдат дека канцерогените заболувања се во пораст, а општината покажува тотална негрижа кон кумановчани.