Вечер во чест на гитаристот ББ Кинг
01.06.2015 07:13
| KumanovoNews
На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот, ќе се одржи Вечер во чест на гитаристот ББ Кинг.

Настанот го организираат граѓани, љубители на неговата музика кои вечерва ќе пуштаат негови песни за да му оддадат почит.
ББ Кинг е американски пејач, текстописец и гитарист. Роден е на 16 септември 1925 година, а почина на 14 мај 2015 година во Лас Вегас. Ролинг Стоун го рангира ББ Кинг како број 6 во 2011 година на списокот на 100 најголеми гитаристи на сите времиња. Работел неуморно во текот на својата музичка кариера, се појавувал на 200 концерти годишно.