Отворени Деновите на комедија, лауреатката Весна Петрушевска наградата ја посвети на мајка си
Актерката Весна Петрушевска е лауреатка на Меѓународниот фестивал Денови на комедија во Куманово, а наградата „Васил Иљоски“ ја прими синоќа во Центарот за култура „Трајко Пропокоев“.

"Неколку пати сум доаѓала тука, и секогаш сум се радувала на кумановската публика, не е тоа лага затоа што сум јас половина кумановка. И можу да кажу дека подобро збору од мајку ми, али се плашу да не згрешу граматику и синтаксу. И секогаш сум имала трема. Инаку од сите кумановсци кои се во Скопје, везам кумановски и пцују на кумановски. Ќе паднев од столица кога ми кажаа дека сум лауреат, од тоа кога си цело време со работа и немаш време да размислуваш за награди. И кога ќе ти дојде една ваква голема награда, тврдам дека една од поголемите, притоа да го носи името Васил Иљовски, тоа е градиозно. Затоа сум многу горда и среќна и ви благодарам од срце. Наградата ја посветувам на мајка ми која вечерва е со нас. Кумановката која е мој најголем поддржувач и најголем критичар. Мамо, те сакам, ова е за тебе“, кажа Весна по примањето на наградата.
Фестивалот го отвори претставата „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ во изведба на Велешкиот театар.
На програмата се и претставите: „Рибарски караници“ на Битолскиот театар, „Бог на колежот“ на МНТ, „Да живее долна дупка“, Театар комедија, „Едно предавање“, Театар Прешево, „На траг“ Тетар Крагуевац, „Грабеж на дијамантот“ Албанска драма Театар Куманово, „Петок 13“ Струмички театар, „Покондирена тиква“, Народно позориште Пирот, „Постојаната сопруга“ Сатиричен театар Софија и „Разбиди се Тина“ – премиера Кумановски театар.
И годинава ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, најдобра сценографија, костимографија, најдобра режија и најдобар млад глумец.
Традиционалниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово се одржува по 28 пат, и е најпосетена културна манифестација во градот, каде секогаш се бара место повеќе.
Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Куманово и Министерството за култура.