Ветераните го испочитуваа Тито
25.05.2016 12:11
| KumanovoNews
По повод Денот на младоста, денеска пред бистата на Тито, бојни делегации положија цвеќе.

Здружението на армиските и полициските ветерани од Куманово, придружувани од бројни граѓани – почитувачи на ликот и делото на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито, денеска пред Споменикот на Тито на гратскиот плоштад положија букети свежо цвеќе. Со тоа воедно го одбележаа Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито – 25 Мај. За ликот и делото на некогашниот легендарен претседател и врховен командант на оружените сили на Југославија пред неговиот споменик говореше полковникот Томе Стојковски.