Викенд акција за собирање на кабаст отпад на три локации во Куманово
На три локации во градот викендов ќе се спроведе акција за собирање на кабаст отпад.

Контејнерите ќе бидат поставени во населбите „Гоце Делчев“ (поранешен „Шипад“), Бабин Дол (кај последната трафостаница) и „Тоде Мендол“ (место викано Бараки).
„Во согласност со насоките од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Куманово во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“ организира тридневна акција за собирање на кабаст отпад. Акцијата ќе се спроведе во период од 12.09. до 14.09.2025 година (петок, сабота и недела). Апелираме до сите граѓани кабастиот отпад (стар мебел, електрични уреди, големи предмети и сл.) да го одложуваат исклучиво на наведените локации во предвидениот период, со цел сите заедно да придонесеме за почиста и поуредна животна средина“, наведено е во соопштението на Општина Куманово.