Владиката Кирил во Света Тројца
14.06.2011 08:41
| KumanovoNews
Митрополит Кумановско-полошки, господин Кирил во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони, вчера по повод патрониот празник служеше Света Божествена Архиерејска Литургија во црквата Св. Троица.

Потоа Митрополитот произнесе празнично Слово за празникот Духовден (Св. Троица втор ден), изврши водосвет и ги прережа славските колачи- информира отец Жико Тодоровски.
На свеченоста присуствуваа голем број на верници од градот и околината, како и градоначалникот со неговите соработници.